fbpx

User Research Talks со Јане Нединковски од EyeSee

User Research Talks со Јане Нединковски од EyeSee

Сте се запрашале ли: Дали потрошувачите ги забележуваат вашите реклами додека се движат низ вашите профили на социјалните медиуми? 

Или пак: како сликите, боите и звуците влијаат на вашите реклами? Дали вашата индустрија влијае на перформансите на рекламата?

Сите овие прашања и многу повеќе беa презентирани пред нашите студенти од страна на Јане Нединковски, кој имавме чест да ни е гостин директно од Њујорк. Тој работи во EyeSee, една од најбрзорастечките компании за истражување во светот, со седиште во Њујорк, Антверпен, Париз, Лондон и Белград. Нивната цел е да го истражат однесувањето на корисниците на одреден продукт или сервис и притоа да дадат решение за како да се зголеми влијанието на маркетингот.

Јане како професионалец во својата работа низ практични примери и интересна тренинг сесија им објаснуваше на студентите колку UX Research и Customer Experience се битни за еден бренд. Тој во текот на својата брзо растечка кариера имал привилегија директно да работи со глобални брендови од различни индустрии, од кои како пионири ги издвојува: „Johnson & Johnson“, „Twitter“, „Microsoft“, „Nestlé“ и “Philip Morris” што ни кажува многу за неговата експертиза.

Тој вели: 95% од одлуките на потрошувачите се донесуваат потсвесно. Со употреба само на експлицитни сознанија, пропуштаме да разбереме што го движи потрошувачкото однесување. Уникатниот пристап на EyeSee со користење на набљудување на однесувањето на корисниниците од далечина како и конвенционалните методи на истражување можат да ни дадат преглед на потрошувачите на напредно ниво.

 

Како функционира EyeSee?

 


EyeSee го тестира воведувањето на нов производ на пазарот преку т.н виртуелно шопинг патување и прашалник. Откако ќе се договори за дизајнот на студијата, EyeSee развива студија за истражување. Преку високо ефективни методи, како што се следење на очите преку Интернет, мапирање на лицето, виртуелно купување и истражување, го мерат влијанието на маркетингот, рекламирањето, дигиталните решенија и иновациите. За истражувачки цели, испитаниците користат свои уреди (компјутери и мобилни телефони), со што се избегнуваат било какви прекини, трошоци и овозможуваат тестирање на глобално ниво.

Покрај приказот на неговата интересна и креативна работа, Јане сподели дека огромен дел од пристапот на EyeSee е зависен од корисничкото искуство (UX) како и неговиот дизајн и примена.
Па  така тој вели дека профилите на UX дизајнерите и UX истражувачите се едни од најбараните кадри во нивната компанија, но и кај нивните клиенти ширум светот.

Стекнатото искуство при работа на неколку светски познати дигитални продукти тој вели дека истражување на дигиталниот свет е еден од најважните канали, но и еден од најсложените за комуникација бидејки при процесот корисниците мораат да поминат низ неколку фази:

  • Прва фаза, стапка на завршување: Колку корисници можат да ја завршат задачата?
  • Втора фаза, навигација: Каде кликнале? Каде ги губите?
  • Трета фаза, внимание: Кои елементи им привлекуваат внимание?
  • Четврта фаза, прашалник: Како ја оценуваат веб-страницата?

Што е UX истражување?

За да направите ефективно UX истражување – да добиете јасна слика за тоа што корисниците мислат и зошто го прават она што го прават, неопходно е UX дизајнерите и продукт тимовите  често и редовно да спроведуваат истражувања на корисници, односно user research. 

Областа на user experience на располагање има широк спектар на методи на истражување, кои се движат од веќе испробаните методи, како што се лабораториски студии за usability и тестирање, до оние што се неодамна развиени, како што се немодерирани online UX проценки. 

За жал, многу user research тимови користат само еден или два методи со кои се запознаени. Клучното прашање е што да се прави кога, односно кога да се користи кој метод. Па затоа стручњаците ги имаат поделено на 3 т.н правци или методи на истражување.

  1. Ставови наспроти однесување
  2. Квалитативно наспроти квантитативно
  3. Контекст на употреба

Целта на истражувањето на ставови е обично да се разберат или да се измерат наведените верувања на луѓето, поради кое ставотното истражување многу се користи во одделите за маркетинг. Додека повеќето студии за употребливост треба да се потпираат повеќе на однесувањето, методите што користат само-пријавени информации сè уште можат да бидат корисни за дизајнерите. Како на пример card sorting, прашалници или фокус групи. 

Од друга страна методите кои главно се фокусираат на однесувањето бараат да разберат „што прават луѓето“ со производот или услугата за која станува збор. На пример, А / Б тестирањето прикажува промени во дизајнот на една веб-страница по случаен избор на посетители, но исто така се обидува да ги задржи сите останати работи константни, се со цел да го измери ефектот на различните варијации во дизајнот на страницата врз однесувањето. Додека пак следењето на видот (eye-tracking) се обидува да разбере како корисниците визуелно комуницираат со интерфејс дизајнот.

Студиите кои се квалитативни по природа, генерираат податоци за однесување или ставови при нивно директно набљудување, додека, во квантитативните студии, податоците за однесувањето или ставовите се собираат индиректно, преку мерење или преку некој инструмент како што се прашалници или алатки за аналитика .

Третата разлика се однесува на тоа како и дали учесниците во студијата го користат предметниот производ или услуга. Истите се поделени во неколку сегменти:

  • Природна или речиси природна употреба на производот
  • Скриптирана употреба на производот
  • Не користење на производот за време на студијата
  • Хибрид од горенаведеното

На крајот, успехот на едно истражување е одреден од тоа колку влијание имал на подобрувањето на корисничкото искуство на веб-страницата или засегнатиот производ.

Се од горе наведеното е и дел од виталните задачи и чекори на еден UX дизајнер пред да започне да гради еден веб продукт или сервис. Со избирање на соодветни UX методи за истражување и нивно строго применување, дизајнерите можат да го обликуваат дизајнот на производот и можат да дојдат до производи кои ќе им служат поефикасно и на корисниците и на компаниите.

Секако, методот на истражување кој ќе го изберат ќе зависи од видот на страницата, системот или апликацијата што ја развивате, вашата временска рамка и вашата околина.

Имајки го се ова на ум, Јане сподели дека експертизата во user experience design и user research се едни од најбараните вештини моментално во дигиталните компании ширум светот вклучувајки ја и EyeSee, а токму со нив се стекнаа и нашите идни колеги при курсот за UX Design.

На крај останува прашањето како да се избере најдобриот UX метод за истражување за секоја фаза во процесот на развој? Што е уште поважно, кои методи ќе донесат најдобри резултати за еден сервис, продукт, клиент или компанија?

Направи промена, приклучи се на тим од истражувачи и стекни се со светска кариера! 

Подготвени да започнете? Дознајте повеќе за нас и за следните курсеви во AcademyOfUX.