fbpx

Една брза UX трансформација – со Изабел Кортс

Една брза UX трансформација – со Изабел Кортс

Една брза UX трансформација – со Исабел Кортс

Како дел од UX Talks, денеска поканивме малку поинаков гостин, односно нашиот гостин е новопечен UX ентузијаст.

Исабел Кортс е неодамна сертифицирана на NN/g (Nielsen Norman Group)  – Ниелсен Норман Институтот за Корисничко Искуство, и веднаш по сертифицирањето своето знаење го применува како дел од нејзината секојдневна работа, со цел комплетно да се насочи и да работи како UX Researcher во блиска иднина.

Нејзината работа како главна и одговорна на одделот за маркетинг и комуникации при музејот на Катар, ја доведува во позиција да може да ги примени техниките кои ги има научено при NN/g институтот, и веднаш да ги согледа придобивките од UX практиките.

Како прв проект за примена на техники од UX Research е токму страницата за е-продажба на артефакти и реплики при Националниот Музеј на Катар.

Како се одлучи за UX наспроти другите насоки ?

Работам со луѓе, и единствената преокупација ми беше да ги научам и анализирам нивните секојдневни навики и однесувања со што ќе можам да го подобрам пласманот на производите кои ги нуди музејот. За разлика од дата аналитиката, анализирањето на корисничкото искуство е буквално посебен свет кога се работи остварување на импакт и добивање на брзи резултати. Делот со User Behavior и аплицирање на когнитивна психологија беше она што ме привлече и ме натера да го продлабочам своето знаење и да станам сертифициран UX професионалец.

Како правиш кохезија, односно како ги презентираш и докажуваш работите кои ги добиваш како резултати од UX истражувањето на другите оддели и тимови ?

Секогаш во компанијата има луѓе кои се со различно ниво на знаење и разбирање на работите. Повеќето од нив не се запознени со тематиката или начинот на кој работиме ние UX професионалците. На пример побарав да интегрираме HotJar во нашата е-продавница, но кога им кажав дека ова ни е потребно за да ги анализираме корисниците, добив многу негативен фидбек дека истото нема да ни послужи за ништо. Покажувајте и презентирајте бројки, и анализи, тешко е, но мислам дека секогаш добро презентирани бројки и анализи за случајот победуваат во донесувањето или одобрувањето на промената.

Дали некогаш начинот кој го знаете не бил правилниот начин на решавање на проблемот и сте морале да скршнете од UX Research практиките ?

Интересно прашање морам да признаам. Во NN/g Ниелсен Норман Институтот за UX Design & Research учевме практики но секогаш ни велеа дека мораме да се ореиентираме кон Agile начин на работа. Истиот претставува постојано движење, но и враќање назад кон процесот во случај да утврдиме понатака дека имаме некаква грешка во некој од чекорите. Целта на UX Design и дизајн на процес е да се минимизира процентот да се направи грешка, па верувам дека можеби и затоа до сега немам искуство со грешки каде би требало истражувањето повторно да го спроведам од почеток.

Дали планираш да работиш на свој проект во блиска иднина, или едноставно да градиш кариера во различни компании ?

Моментално работам на градење на моето UX портфолио и имам план да останам и работам Националниот Музеј на Катар. Тука имам можност да ги употребам моите UX знаење на ниво на кое мислам дека моментално не би можела самата да успеам.
На пример, сакам да ги искористам ресурсите кои ги имаме во компанијата. Имаме е-продавница, но имаме проблеми и препреки со кои се сооучуваме постојано. Моментално имаме тим од 6 луѓе во маркетинг секторот и ќе пробам да им објаснам колку е важен UX делот во процесот на промоција на музејот продавницата за артефакти и реплики.

Кои се препреките со кои се соочуваш во оваа транзиција од маркетинг во UX ?

Најмногу од се би сакала да имам повеќе време да работам строго UX секој ден. Така мислам дека оваа моја транзиција би се одвивала многу побрзо и поквалитетно. За жал имам дел од работата каде што приоритетите ми се различни, но се обидувам да го наметнам тој дел во секојдневното работење со огромен ентузијазам и притоа мислам дека поради фактот што е одлично презентирано и спакувано во еден убав “Case Study” наидувам на огромно разбирање од сите сектори.


Дали е различно да се работи во блискиот исток за разлика од Европа, Америка, Азија итн. ?

Многу поразлично од што можете да замислите. Знам дека во Македонија е либерално и нема многу закони и регулативи. Во Катар е многу стриктно, строго и малку има “­old-school” менталитет на гледиште на работите. Но јас работите ги гледам од друга страна. Тоа што го сакам тука е што ми прави да можам да напредувам многу брзо и да ги ценам работите. Ќе дадам паралела – Ако седите на удобен стол, нема да се мрднете од истиот, но ако седите на стол кој не е воопшто удобен ќе морате постојано да мрдате за да ви стане барем малку комфорно. Тука е тој момент кога раснете како човек на професионално и персонално ниво. Секогаш сум била отворена кон други култури, и можам да ви гарантирам дека тука ќе научите работи кои ќе ве направат подобар професионалец од ниедно друго место на светот.

Ако седите на удобен стол, нема да се мрднете од истиот, но ако седите на стол кој не е воопшто удобен ќе морате постојано да мрдате да ви стане барем малку комфорно. Тука е тој момент кога раснете како човек на професионално и персонално ниво.

 

Дали User Behaviorделот е поразличен таму од остатокот од светот кога се работи за користење на онлајн услуги и општо користење на уреди ?

Моментот со користење на онлајн услуги беше многу многу спор. Односно развојот на свест за истото беше на многу ниско ниво пред да се појави ситуацијата со корона вирусот, која како и кај сите го турна истото многу години понапред. Настрана од тоа UX Research делот и користење на анализата е многу нов тука, но сепак е подобар во ситуацијава со КОВИД одколку што беше претходно.

Нешто што мислиш според тебе дека би предизвикало промена?

Само 1 UX експерт во тимот кој е ентузијаст за имплементација на техники би направил разлика. Сите сакаме на крајот на денот да постигнеме резултати кога делуваме, дали врз нов продукт, или врз постоечки, и делот со UX Research, UX Design и Usability Testing и нивните практики би направиле огромна разлика

Дали планираш да го користиш UX искуството и знаењето како дел од твојата професија или планираш целосно да се ориентираш кон UX делот ?

Планирам целосно да работам UX Research и UX Design во блиска иднина како дел од мојот 3 годишен план за целосна промена на кариера од Маркетинг во UX. Но мислам дека мојот Маркетинг бекграунд е дефинитивно плус кој можам да го употребам во новата кариера.
Следно нешто на мојата листа после оној 3 годишен план, е да научам малку повеќе за Product Design и Digital Product Design и да заокружам еден целосен круг со што би имала познавање од целиот циклус и анализа на продуктот и неговите крајни корисници.

Со мојот 3 годинишен план, планирам целосно да направам транзиција од Маркетинг во UX.

Ова се само дел од прашањата за UX што беа одговорени од страна на Изабел. Целото гостување со уште поинтересни прашања и одговори во видеото подолу. 👇

Благодарност до Изабел за несебичното споделување на искуствата и пречките со кој се сооучува еден UX професионалец денеска, а кој допрва сака да се пробие на пазарот и да ги докаже своите способности.