UX Сертификација
Како до сертификација?
Програмата за сертификација на AcademyOfUX нуди флексибилни тренинзи базирани на тестирање и реални проекти кои им помогнаа на многу UX ентузијасти да направат преквалификација и да пронајдат нова кариера како и да ги зајакнат своите вештини или да отворат свои бизниси.
Сертификација за UX Professional
Запиши UX Курс
Положи го тестот
Стани UX Professional
UX Специјализација
Запиши UX Специјализација
Положи го тестот
Стани UX Specialized
3 положени специјализации автоматски ви го носат беџот UX Professional
Времетрање на сертификатот
UX курсевите и тренинзите се внимателно одбрани и дизајнирани програми да ви дадат огромна и долготранја подлога како UX професионалец. Тоа значи дека, ако се здобиете со сертификација за UX Professional или специјализација од понудените истите ви траат неограничено и не истекуваат. Нашата мисија е да ги бодриме и подржуваме сите заинтересирани да продолжат со вложување во своето знање и да ги надоградуваат своите UX вештини на повисоко ниво со тоа што постојано ќе се едуцираат за нови трендови и практики. Секој сертификат има дата кога е издаден, па така со секоја додатна специјализација или курс вашата дата на сертификација се обновува.
Бенифиции од UX Сертификатите
Индивидуални бенифиции
Инвестирајте во едукација и унапредување на вашата понатамошна кариера. UX Сертификацијата значи дека сте покажале особен интерес и фокус кон одредена тематика и притоа сте ги надоградиле вашите вештини и практики за пристап и решавање на даден проблем со вашите колеги, менаџери, клиенти и сите оние со кои се соочувате на дневно ниво во вашата сфера на работење:
– Практични примери од реални студии кои покриваат многу UX сфери
– Ќе имате огромна подлога за што и да правите понатака со вашата кариера
– Ќе ги обновите вашите знаења и во исто време ќе бидете на исто кариерно ниво со сите светски професионалци во областа
– Дури и да немате универзитетска диплома, UX Сертификацијата може да ви биде предуслов за да напредувате на работно место или едноставно да продолжите со полна пареа да ги градите вашите бизнис идеи
– Можност да им докажете на другите за важноста на UX во сите сфери од работењето без разлика од која професија доаѓаат
– Добијте дигитален беџ за тоа што сте го постигнале со кој едноствно ќе направите рокетстарт во вашата нова кариера
– Надградба значи дека сте фокусирани, посветени и постојано работите на себе во постигнување на персоналните и работните цели
Организациони бенифиции
UX сертификацијата ќе му даде едно ново гледиште на вашиот тим и ќе воведе свежина во вашата култура, каде што ќе се пректикува професионалност, посветеност и комплетно среден пристап и стратегија:
– Ќе воведете јазик кој ќе го зборуваат сите, едноставно ќе знаете да направите кохезија на било кој состанок
– Воведување на експертиза и свеж видик на работите
– Нови работи значат нов старт и UX култура која ја има само во огромните светски компании и корпорации
– Поголем кредибилитет и зголемување на самопочитта кон продуктот ќе значи и позитивна перцепција
– Балансирајте го тимот така што ќе имате професионалци за UX со различни гледишта и професионалности, а се со цел за подобра и олеснета егзекуција на тасковите
– Научете да ги вработувате правилните луѓе, затоа што ќе го знаете правилниот начин
– Ќе заштедите време и ресурси, а притоа ќе останете фокусирани на крајните клиенти
Иницијализација (Титула)
Кога ќе се здобиеш со UX сертификацијата, без разлика на тоа дали е UX Professional или Specialization, имаш право, но и те охрабруваме да ги ставиш следниве иницијали до твоето име:
– UXP, за сите кои имаат UX Professional сертификација
– UXS, за сите кои имаат UX Specialized сертификација
Тестови и верификација
Професионалци кои се посветиле повеќе од 30 часа на интензивен UX тренинг, и докажале особен интерес и посветеност да ја научат и применат дадената материја. Тестот само ни помага да го верификуваме тоа знаење држејќи стандард на кадри и осигурување дека никој нема да излезе без знаење. За да станете UX Certified секој треба да помине ригорозен тренинг и 2 тестирања:
1. Успешно завршен проект
* проектот се презентира пред клиент или компанија
2. Успешно положен тест
* Тестот има 30 прашања и може да се полага макс. до 3 пати со побарување од 70%+ точност за да биде успешен.
⚠️ Во случај да не ги доставите материјалите и вежбите од курсот во рок од најдоцна 30 дена по завршувањето на истиот, нема да имате можност да полагате завршен тест и нема да добиете сертификат или диплома. Доколку доцните, но се најавите дека ќе ги доставите по крајниот рок, имате можност да полагате финален испит со доплата од 85€ во денарска противредност.
Подготовка и материјали
Сите прашања што се појавуваат на финалниот тест се покриени за време на часовите и обично се наоѓаат во работните слајдови и материјалите. Полагањето на тестот е полесно ако физички присуствувате на сите часови и вниматлно ги следите предавачите. Пред да го полагате тестот би ве советувале да:
– Ги разгледате сите PDF материјали од тренингот
– Да ги прегледате сите ваши забелешки
– Да закажете консултација со менторите за да ги разјасните нејаснотиите
* Не е потребно да додатно да читате статии, книги или некои материјали надвор од кусост за да го положите тестот.