fbpx

Коментари и фидбек 😎

Менторите се комплетно сериозни и врвни професионалци со повеќе од доволно позади себе во сферата на работење, дедицирани да ве научат се што знаат и да ви го пренесат мајндсетот да станете UX професионалец ако дадете се од себе на обуката. Top-notch поддршка збогатена со пријателска атмосфера, и едно многу кул место во кое ќе се чуствувате како дома. Дефинитивно број 1 место да учите UX. 🤘

Марко
Марко

Многу солидно составена програма, одличен тим кој работи на реализацијата на истата. Безрезервно споделување на знаење и информации, посветеност и отвореност. Силно ја препорачувам на секој кој сака да научи за UX Design и да создаде солидна основа за понатамошен професионален развој во таа насока. 💪

Милош
Милош

Искрено ја препорачувам академијата на сите оние што сакаат да го продлабочат своето знаење во UX Design сферата и да научат како се дизајнираат вистински дизајн системи. Мотивирачко и забавно искуство проследено со интеракција и разјаснување на проблемите и ситуациите со кои што се соочуваат корисниците. Супер cool ментор 😎 и одлична атмосфера за раѓање на нови идеи од кои што може да порасне и нов бизнис. Многу пријателски и отворен однос од целиот тим и релаксирачки седенки проследени со споделување на мислења и ладно пивце. 🍺🍺

Боки
Боки

💯 Права динамична атмосфера каде секој час се повеќе ти ја развива љубопитноста да научиш повеќе. Менторот е секогаш на располагање да одговори на сите прашања и низ предавањата несебично го предава целото знаење и искуство. Времето ни летна како од шала, добивме многу знаење, и имавме одлична дружба со сите колеги после часови, каде развивавме дополнително идеи, разговаравме за материјата и се дружевме. Дефинитивно би кажала дека ова е најдобриот избор за секој кој сака навистина да научи и е спремен да се посвети, секогаш низ позитивна атмосфера, динамични предавања и можност за развивање на индивидуални проекти. UX is everywhere and everything is UX, и Илија е SВЕР!

Елена
Елена

Како почетник којшто го посетуваше курсот за UX Design на AcademyOfUX, можам да кажам дека се здобив со знаења коишто комплетно ме запознаа со целиот процес на UX особено со начинот на размислување и работа на проекти. Задачите кои што се работеа беа реални проекти и со тоа додадоа на вредноста како во поглед на искуство, така и на понатамошни референци. Особено сум задоволен од тоа што менторот несебично го сподели богатото искуство од полето, како и времето да одговори на сите прашања, што навистина дава слика за тоа дека сака секој од студентите да го заврши курсот со вистинско знаење од полето на UX.

Диме
Диме

Одлични!! Академија за пример! Без клишеа и фарси. 👊 Уникатен пристап при предавање. Примената на добар UX се забележува и при часовите. Многу добро искуство стекнав учејќи од Илија за време на вежбите и работејќи на проектите кои не беа воопшто лесни. Комплименти. 🏆

Бобо
Бобо

Ако сакате да учите прав UX, а не само дизајн, тогаш топло ги препорачувам дечките од AcademyOfUX. Максимална посветеност за време на часовите а и по нив. Било какво прашање да имав или недоразбирање, менторот секогаш беше достапен. Уз пивце, муабет и опуштена атмосфера после часови се разјаснуваа сите проблеми. Фала дечки, најдобар курс што го имам до сега посетувано!

Гого
Гого

AcademyОfUX e oдлично место за стручно учење на User Experience Design. Тоа што се работи во мали групи му дава можност на секого, индивидуално, да го покаже прогресот стекнат од предавањата. Пријатно место каде што сите се пријателски настроени и секогаш се тука да ти помогнат со задачите или индивидуалните проекти. Место каде што предаваат вистински професионалци, кое е наменето токму за оние што сакаат да научат вистински UX.

Ема
Ема

AcademyOfUX во целина е едно кул место со пријатна и неформална атмосфера, посебно ќе ги препорачам седенките пред и после курсот кои се повеќе од добредојдени! Курсот за UX Design кој го посетував, го препорачувам на секој кој сака да научи нови аспекти и да ги примени во било кој сегмент од работата и животот. UX-от е насекаде… 😎

Благој
Благој

💜💜💜  Дојдов во AcademyofUX да си го дооформам знаењето во професијата која веќе ја работам неколку години, а излегов со целосно поинаков мајндсет и уште поголема љубов за UX. Топла препорака за UX Design курсот во оваа академија! Не очекувајте класични долги предавања, депресивен ментор и досадна теорија на која и нема крај. Очекувајте пријатната атмосфера, одличен тим и ментор кој е огромен професионалец во ова поле и секогаш up-to-date со најновите техники и технологии во UX кои несебично ги споделува во секое време!

Бојана
Бојана

Академијата и просторот каде што се одвиваат часовите, после неколку недели ми стана едно од омилените места на кои сакав да бидам. 😍😍😍 Можам само да кажам дека има супер атмосфера за учење на нови работи, не само на час, туку и за време на пауза и по завршување на наставата. Пред да се запишам на курсот, долго време читав и истражував за UX но тука изучив практики кои не ни претпоставував дека постојат. Програмата се предава на интересен и современ начин ама тоа го може само Илија.

Mартина
Mартина

Ако лутате и барате нешто да направите од себе, или пак барате да направите кариерна промена, тогаш дефинитивно ова е правилното место. Најдобриот начин да научите е да работите преку примери, токму онака како што работевме на курсот. Концизни примери кои ќе ве држат будни на сите часови и работилници… И да, дефинитивно ги надмина моите очекувања. Ваква професионалност е реткост кај нас. 🖐

Дени
Дени

Сѐ уште не си убеден, пиши ни




    Возбуден сум за понатамошниот тек на настаните и сум спремен да слушам новини од вас во иднина!