User Experience Design
Fundamentals
Комплетниот User Experience курс е внимателно структурирана образовна програма
која нуди огромни можности за градење на нови вештини, кариерна трансформација,
вработување или развивање на сопствен продукт.
⚠️ Важно: Ги следиме најновите трендови во UX светот. За да ја постигнеме целта на врвно пренесување на знаење, моментално работиме на подобрување на агендата и технологиите користени курсот UX Design Fundamentals. Со таа цел, однапред најавуваме дека курсот планиран во Ноември ќе биде одржан наредната година со уште подобра и напредна агенда. Благодариме на разбирањето 🚀
2024
70 часа
€1499
Online
10/15 места
Оваа програма е наменета за:
Сите што сакаат да се преквалификуваат во областа на UX и да станат неодолив асет
Ентузијасти што сакаат помалку програмирање, а повеќе планирање и решавање на проблем
Дизајнери ( Графички, Веб, Интериор ) кои сакаат да се преточат во UX сферата на работење
Креативци и почетници кои сакаат истражување и работа на реални проекти
Што ќе научите
User Psychology
✓ Mental Models
✓ Psychological Preconditions
✓ Proximity-Compatibility
✓ Continuity
✓ Cognitive Load
User Research
✓ Online Surveys
✓ Data Analysis
✓ Empathy Mapping
✓ Behaviour Flow Analysis
✓ HotJar
✓ Google Analytics
Интеракции, интерфејс и дизајн стратегии
✓ Visual Design Principles
✓ Web Design Guidelines
✓ Mobile Apps Design Guidelines
✓ Design System in Figma
Имплементација на дизајн и архитектура на информации
✓ Visual Hierarchy
✓ Information Architecture
✓ UI Organization
Wireframing & Prototyping
✓ UX Софтвер ( Figma, Sketch, Adobe XD, Balsamiq )
✓ User Flows, User Journeys & Information Architecture
✓ Разлики помеѓу Lo-Fid and Hi-Fid Wireframes
Usability, Оптимизација и Тестирање
✓ Empathy Mapping
✓ Taxonomy
✓ Personas
Креирање портфолио и бренд
✓ Pitch Presentation Techniques
✓ Visioning
✓ Personal Branding
Комуникациски вештини за работа со клиенти и тимови
✓ Stakeholder Management
✓ Agile Methodology
✓ Team Cohesion
Кариера
Во светот на информатичката технологија User Experience профилите важат за едни од најплатените, но неодамна се и најбараните. Сетот на вештини, можноста да директно влијае на проектот, продуктот или услугата е од огромно значење што резултира со оргомент пораст на побарувачката, а и на исплатливоста на влогот.
Според Glasdoor.com моменталната состојба на платите за UX Designer со просечно искуство од 0-1 година се движи неверојатни $80,000 на годишно ниво. Тоа е нешто повеќе од $6,500 на месечно ниво.
8000+
Отворени работни позиции
моментално во Европа
$6,500
Просечна месечна плата
со 0-1 година искуство
30+
Месечно отворени работни
позиции во Македонија
Ментори на програмата
Илија Бојчовиќ
User Experience Architect со повеќе од 10 години искуство во оптимизација, развој и експанд на корисничкото искуство на веб и мобилни апликации вклучувајќи SaaS, CRM и ERP системи. Архитектура и дефинирање на front-end делот за употреба на технологии кои би ги решиле комплексните интерфејси, дизајни и дизајн интеракции, SEO семантика, макркапирање и визуелна оптимизација. Ревизор на неколку книги.
Консулант и ментор со успешни приказни вклучувајки гигантски клиенти меѓу кои:
Гого Трпчев
UX Designer и Interactions mastermind. Повеќе од 15 години искуство во во шминкање на веб светот со посебен шмек и сенс за UI и интеракции. Мангуп во FIGMA (design systems, autolayout, constrains), visual communication skills, Design principles, Interaction design skills, вешт во создавање на уникатни 2D & 3D илустрации за веб и мобилни апликации, Wireframing, UI Prototyping и Motion design, Typography and UX Writing, Portfolio design и што уште не.
Можеби ти треба да си на ова место?
Придружи ни се заеднo да ја градиме иднината на креативната едукација за сите нови генерации што следат и сите нови позиции кои допрва ќе се отворат.
Нашата мисија е да ги поттикнеме и охрабриме сите креативци да го споделат своето знаење на креативен и уникатен начин, зошто веруваме во моќта на креативноста и малку поразлична едукација од онаа која ја познаваме.
Можеш да ни пишеш порака на buzz@academyofux.com или едноставно да аплицираш на формата подолу.
Те очекуваме! 😎
Кои професии ќе можете да ги работите
UX Designer
CX Designer
Experience Designer
UI Designer
Сертификација
Овој курс е целосна тренинг програма со сертифицирање во UX Design. Доколку успешно го поминете тренингот, тестот и финалната задача, се здобивате со назив и сертификат UX Profesional (UXP) при AcademyOfUX. Повеќе за сертификацијата и специјализацијата можете да најдете тука.
Дата, локација и школарина
Бул. “8-ми Септември 6/1-1”
Групите се формираат по принцип на “First come, first served” и се состојат од највеќе 15 слушатели по група, за да може на секој слушател поединечно да му се посвети доволно време и внимание за полесно совладување на материјалот.
2024
70 часа
€1499
Online
10/15 места
Искуства од курсот
Ако лутате и барате нешто да направите од себе, или пак барате да направите кариерна промена, тогаш дефинитивно ова е правилното место. Најдобриот начин да научите е да работите преку примери, токму онака како што работевме на курсот. Концизни примери кои ќе ве држат будни на сите часови и работилници… И да, дефинитивно ги надмина моите очекувања. Ваква професионалност е реткост кај нас. 🖐
Дени
Како почетник којшто го посетуваше курсот за UX Design на AcademyOfUX, можам да кажам дека се здобив со знаења коишто комплетно ме запознаа со целиот процес на UX особено со начинот на размислување и работа на проекти. Задачите кои што се работеа беа реални проекти и со тоа додадоа на вредноста како во поглед на искуство, така и на понатамошни референци. Особено сум задоволен од тоа што менторот несебично го сподели богатото искуство од полето, како и времето да одговори на сите прашања, што навистина дава слика за тоа дека сака секој од студентите да го заврши курсот со вистинско знаење од полето на UX.
Диме
💜💜💜 Дојдов во AcademyofUX да си го дооформам знаењето во професијата која веќе ја работам неколку години, а излегов со целосно поинаков мајндсет и уште поголема љубов за UX. Топла препорака за UX Design курсот во оваа академија! Не очекувајте класични долги предавања, депресивен ментор и досадна теорија на која и нема крај. Очекувајте пријатната атмосфера, одличен тим и ментор кој е огромен професионалец во ова поле и секогаш up-to-date со најновите техники и технологии во UX кои несебично ги споделува во секое време!