fbpx

ВЕРОЈАТНО НАЈДОБРИОТ UX ТРЕНИНГ ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ

100% интеракција во живо – без претходно снимен материјал

Прв и единствен UX центар во Македонија

Учи за User Experience од докажани и сертифицирани тренери и експерти. Изгради уникатни вештини и стекни се со признаена диплома.
UX Design
UX Management
UX Research
UX Interactions
UX Development
UX Talks

NEW!

Usability Engineering Fundamentals

UXQCC® Austrian Accredited Training & International Certificate

Го шириме видикот за UX на секој ентузијаст

Бесплатен пристап до 500 необјавени ресурси и UX методи
Реални колаборативни вежби, практики и работилници
Стручни истражувања, репорти и прегледи
Пристап до UX заедница со многу професионалци
Бесплатна подготовка за првото работно искуство или проект

Најнови UX техники и методологии

Во AcademyOfUX можеме да ви ветиме дека никогаш нема да ви предаваме застарени програми.

Без нејаснотии во главата

Со нас никогаш не сте сами во решавање на проблемите. Сите ментори се достапни во секое време, пред и по завршување на курсот.

Тренинзи водени од експерти

Сите тренери се врвни експерти и ветерани во својата област. Квази настава, немаме.

Не треба да си ИТ експерт

Внимателно обликуваните програми се погодни за секого, единиствено што треба да понесете е концентрација и желба за учење.

Како до сертификација?

Програмата за сертификација на AcademyOfUX нуди флексибилни тренинзи базирани на тестирање и реални проекти кои им помогнаа на многу UX ентузијасти да направат преквалификација, да пронајдат нова кариера, да ги зајакнат своите вештини, како и да отворат свој бизнис.
Сертификација за UX Professional
UX-Professional-AcademyOfUX
1
Запиши UX Курс
Комплетниот UX дизајн курс е достапен преку UX Fundamentals програмата
2
Положи го тестот
Финалниот тест се полага под стручен надзор
3
Стани UX Professional
Стекни се со UX Professional титула и признаен сертификат
UX Специјализација
UX-Specialized-AcademyOfUX
1
Запиши UX Специјализација
UX Management, UX Research, UX Development или UX Interactions
2
Положи го тестот
Финалниот тест се полага под стручен надзор
3
Стани UX Specialized
Стекни се со UX Specialized признаен сертификат

3 положени специјализации автоматски ви го носат беџот UX Professional

Повеќе за начинот на сертификација можете да најдете тука

Веќе имаш сертификат? Валидирај го тука

Решавај комплексни проблеми и гради подобри продукти

🦄 Ќе станеш валуабилен асет за секоја компанија, без разлика дали ќе работиш од дома или во канцеларија, едноставно стани VIP за твоите постоечки или идни клиенти.
Нашата внимателно структурирана програма со фокус на проблемите од реалниот свет со сигурност
ќе те направи највреден и најбаран кадар.

Следни термини

Последни објави за тернинзи во UX Design Fundamentals, UX Management, UX Research, UX Development или UX Interactions, како и работилници во и надвор од академијата

UX Design Fundamentals ⚠️

Почеток: 2024
Времетраење: 4 месеци
Тип: Комплетен курс
Слободни места: 10

UX Management

Почеток: Јули 2023
Времетраење: 2 месеци
Тип: Специјализација
Слободни места: 9

UX Research

Почеток: Март 2023
Времетраење: 2 месеци
Тип: Специјализација
Слободни места: 6

UX Interactions

Почеток: Септ. 2023
Времетраење: 2 месеци
Тип: Специјализација
Слободни места: 9

UX Development

Почеток: Август 2023
Времетраење: 2 месеци
Тип: Специјализација
Слободни места: 10

UX Talks

Почеток: Наскоро...
Времетраење: 4 часа
Тема: Наскоро...
Слободни места: 30

Спремни за следните предизвици

coding_session

Реални студии на случај 🤘🏻

Секоја студија на случај е од реално искуство на нашите веќе докажани тренери. Ништо не е базирано на трета персона и практики туку на вистински клиенти со кои имаат работено нашите тренери. Тоа значи дека се што знаеме ние, ќе знаете и вие. Транспарентно и максимално ферски до top-notch кариера.
your_ux_project

Проект за во резиме 🚀

Немате ништо за во вашето резиме? Без грижа! Партнерите со кои соработуваме и кои несебично ги споделуваат нивните интернационални клиенти со нас ќе се дел и од вашиот финален проект, кој притоа ќе е и првенче на вашето UX резиме за максимален рокетстарт во UX полето!

Искрени искуства

Илија knows his craft! 👏 Топло ја препорачувам User Experience Design насоката на секој што е спремен да си го смени мајндсетот и да стане UX Designer, или да научи модерни техники и методи на иновативно размислување и креативно решавање на проблеми кои ќе му користат скоро во секоја област.

Данило
Данило

Ако сакате да учите прав UX, а не само дизајн, тогаш топло ги препорачувам дечките од AcademyOfUX. Максимална посветеност за време на часовите а и по нив. Било какво прашање да имав или недоразбирање, менторот секогаш беше достапен. Уз пивце, муабет и опуштена атмосфера после часови се разјаснуваа сите проблеми. Фала дечки, најдобар курс што го имам до сега посетувано!

Гого
Гого

💜💜💜  Дојдов во AcademyofUX да си го дооформам знаењето во професијата која веќе ја работам неколку години, а излегов со целосно поинаков мајндсет и уште поголема љубов за UX. Топла препорака за UX Design курсот во оваа академија! Не очекувајте класични долги предавања, депресивен ментор и досадна теорија на која и нема крај. Очекувајте пријатната атмосфера, одличен тим и ментор кој е огромен професионалец во ова поле и секогаш up-to-date со најновите техники и технологии во UX кои несебично ги споделува во секое време!

Бојана
Бојана

Искрено ја препорачувам академијата на сите оние што сакаат да го продлабочат своето знаење во UX Design сферата и да научат како се дизајнираат вистински дизајн системи. Мотивирачко и забавно искуство проследено со интеракција и разјаснување на проблемите и ситуациите со кои што се соочуваат корисниците. Супер cool ментор 😎 и одлична атмосфера за раѓање на нови идеи од кои што може да порасне и нов бизнис. Многу пријателски и отворен однос од целиот тим и релаксирачки седенки проследени со споделување на мислења и ладно пивце. 🍺🍺

Боки
Боки

Неколку одговори на најчесто поставувани прашања

За кого се наменети курсевите и тренинзите? Дали можам да запишам курс ако сум тотален почетник во тематиката?
Секој од нашите курсеви е плански структуриран за да тотален почетник би можел да се снајде, но и веќе изградените професионални да го надополнат своето знаење. Што значи тоа? Ако сте почетник ќе научите се што знае вашиот тренер, но ако веќе работите во полето ви ветуваме знаење плус, трикови и техники кои нема да можете да ги научите на ниедно друго место, како и примери од вистински проекти работени за интернационални клиенти.

 Учење-од-пракса, со серија проекти од реални компании идеални за вашето UX портфолио. Ветуваме дека ќе останете мотивирани со структурирана програма, поддржана и од колеги ширум светот.

Нашите курсеви се за оние кои сакаат да ги развијат своите претприемачки вештини, се подготвуваат да започнат нова кариера или бараат добро платена преквалификација!

Сите материјали, вежби, домашни, техники и методологии ќе ги добивате навреме, пред и по часот во зависнот од програмата, а менторот ќе биде постојано тука за надополнување во случај да не сте биле во можност да присуствувате физички. Сите темплејти и вежби ќе ви бидат достапни и по завршување на курсот доколку сакате да ги примените во вашата работа.
Зошто да ја одберам AcademyOfUX а не некоја друга академија?
Нашите ментори се тотални ветерани во областа на User Experience и Reserach како и серифицирани од престижната Nielsen Norman Group, со повеќе од 100 индивидуални проекти во нивното портфолио преку кои несебично ќе ви го пренесат сето знаење, методологи или трикови.

Ние ќе ви обезбедиме се што е неопходно за да работите и дејствувате во избраната насока пред и по завшување на курсот. А вие, треба да бидете мотивирани и посветени. Поставивме висока цел. Посетата на некои од нашите курсеви бара одредено време, енергија и фокус. Нашиот тим ќе биде таму за да ве поддржи во секој чекор од патот, но успехот ќе дојде како резултат на вашата сопствена трудоубивост.
Дали добивам важечки сертификат?
Апсолутно! Нашата академија е стручно посветена во областа на UX и е во постојан чекор со светските стандарди, па така без разлика дали се работи за посета на курс, специјализација или еднодневна работилница, ако успешно ги приложите проектите и притоа го положите тестот, добивате серификат во печатена и дигитална форма кој укажува дека сте поминале интензивен тренинг и сте спремни да започнете со работа во избраното поле. Дополнително, AcademyOfUX има австриска акредитација од UXQCC®, членка е на меѓународната асоцијација на UX професионалци (UXPA) и нашите ментори се сертифицирани од Nielsen Norman Group.
Дали добивам ментор?
Програмата е толку добро испланирана, а часовите се концизни за да не треба понатака да имате ментор со кој би работеле или ментор кој постојано треба да го прашувате прашања. Но, без разлика дали сте завршиле или сеуште се надградувате во нашиот тренинг центар, менторите постојано ќе ви бидат достапни, дали на нашиот Slack канал, по телефон или на Zoom, па и во тренинг центарот со најава, секогаш се тука да ви ги решат сите UX проблеми со кои се соочувате 🤘
Кои се следните чекори по завршување на курсот или специјализацијата?
По завршување на курс или специјализација вие ќе бидете спремни да го аплицирате вашето знаење на веќе постоечки проблем, во вашата компанија или за нов клиент.



Воедно остануваме во контакт и секогаш сте добредојдени на сите наши идни UX Talks, притоа сите материјали кои се понудени за време на тренинзите ќе ви бидат достапни на Slack, како и постојано ќе имате пристап до ново споделени содржини, работни позиици, евенти или работилници. Едноставно ќе бидете дел од заедницата и притоа ќе можете да разменувате практики, мислења и проблеми со кои се соочувате, како и да соработувате. А нашиот тим ќе биде тука да ви даде кураж за понатамошно вработување или да ве предложиме кај некои од нашите партнери за вработување.
Кои се процесите на плаќање?
Начин на плаќање:
- Уплата на целосната сума на која добивате 5% попуст без разлика дали курсот веќе има попуст или не
- Уплата на 8 рати без провизија при што доколку има попуст истиот ви останува пресметан и не се губи

* Нудиме и специјален попуст за невработени и студенти. За повеќе информации контактирате не на buzz@academyofux.com

Соработници

Партнер поддржувач на




    Возбуден сум за понатамошниот тек на настаните и сум спремен да слушам новини од вас во иднина!